СЛИКА НА ДА ВИНЧИ ПРОДАДЕНА ЗА РЕКОРДНИ 450 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    СЛИКА НА ДА ВИНЧИ ПРОДАДЕНА ЗА РЕКОРДНИ 450 МИЛИОНИ ДОЛАРИ„Спасител на светот“, за која се верува дека е насликана околу 1505 година, е едно од 20-те зачувани платна од Да Винчи (Фото: Гети)

    Петсто години стара слика на Исус Христос, за која се верува дека ја насликал Леонардо да Винчи, беше продадена на аукција во Њујорк за рекордни 450 милиони долари.

    Сликата е позната под името „Спасител на светот“.

    Тоа е највисоката цена што била постигната за едно уметничко дело досега и наддавањето во куќата „Кристис“ беше проследено со восхит и аплаузи.

    Леонардо да Винчи починал во 1519 година и зачувани се помалку од дваесет негови платна. „Спасител на светот“, за која се верува дека е насликана околу 1505 година, е единственото дело од Да Винчи што се наоѓало во приватна сопственост, кај рускиот милијардер Дмитри Риболовлев. Идентитетот на нејзиниот наследник е непознат.

    Досегашниот рекорд од 179,3 милиони долари го држеше делото на Пабло Пикасо, „Жени од Алжир“ (Фото: Ројтерс)

    Првично поставената цена на делото била 100 милиони долари, а последната понуда, по 20 минути наддавање, изнесувала 400 милиони, но со трошоците, конечната вредност порасна на 450,3 милиони долари.

    Во 1958 година, ова дело било продадено за 45 милиони долари, но тогаш се верувало дека го насликал некој ученик на Да Винчи. Вистинскиот автор беше откриен дури во 2005 година.

    Досегашниот рекорд го држеше делото на Пабло Пикасо, „Жени од Алжир“, кое во 2015 година беше продадено за 179,4 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира