ВРАНИШКОВСКИ ЌЕ НАПЛАТИ ОД ДРЖАВАТА 9.500 ЕВРА ПО ПРЕСУДА ОД СТРАЗБУР

    ВРАНИШКОВСКИ ЌЕ НАПЛАТИ ОД ДРЖАВАТА 9.500 ЕВРА ПО ПРЕСУДА ОД СТРАЗБУР4.500 евра се како надомест на нематеријалната штета, а 5.000 евра се за трошоците за постапката пред Европскиот суд. - Архиепископот Јован (световно име Зоран Вранишковски) (Фото: Фејсбук/ПОА)

    Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на Православната охридска архиепископија на Зоран Вранишковски во случајот „ПОА против Република Македонија“, задолжувајќи ја државата да ѝ плати отштета во износ од 9.500 евра.

    Како што соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права и слободи, со пресудата се констатира дека со одбивањето на надлежните во Македонија да се регистрира ПОА како посебна верска заедница, бил прекршен членот 11 за слободата на собирање и на здружување, во врска со членот 9, кој се однесува на слободата на мислата, совеста и на религијата, од Европската конвенција за човекови права.

    Од оваа сума, 4.500 евра се како надомест на нематеријалната штета, а 5.000 евра се за трошоците за постапката пред Европскиот суд. Хелсиншкиот комитет ја почнал постапката во името на ПОА, бидејќи двете барања за регистрација на ПОА како верско здружение беа одбиени.
    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира