ЛУЃЕТО ГИ ПРИМААТ МОИТЕ СОВЕТИ, НОВО ВИДЕО СО НИНА, ДЕВОЈКАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ВО КАМПАЊА НА УНИЦЕФ ЗА ДЕТСТВО БЕЗ ПРЕЧКИ

    ЛУЃЕТО ГИ ПРИМААТ МОИТЕ СОВЕТИ, НОВО ВИДЕО СО НИНА, ДЕВОЈКАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ВО КАМПАЊА НА УНИЦЕФ ЗА ДЕТСТВО БЕЗ ПРЕЧКИНовото видео покажува позитивна промена на ставот на луѓето кон лицата со попреченост. - Нина Костоска (Фото: СДК)

    Нина Костоска, студент на четврта година со Даунов синдром, која во слободно време му помага на татко ѝ во аптека, сними уште едно видео со скриена камера, во рамките на кампањата „Биди фер! За детство без пречки“ и тоа покажува позитивна промена на ставот на луѓето кон лицата со попреченост.

    Нина доби голема поддршка по излегувањето на првото видео пред една година и затоа се согласи на уште еден мал експеримент.

    „Се согласив да го снимам второто видео, за да видам дали реакциите на луѓето ќе бидат поразлични откако дознаа повеќе за мене. Луѓето беа поотворени да добијат совети од мене, беа попријатни и тоа многу ме расположи“, вели Нина.

    Новата фаза од кампањата „Биди фер! За детство без пречки“ ја има пораката „Види ја способноста, а не попреченоста“.

    „Стигмата често се заснова на сознанија изградени врз стереотипи. Недостигот на информации, заблудите, изолацијата и сегрегацијата ги одржуваат ваквите стереотипи, па најдобар начин за ослободување од стигмата е тие да се прекинат. Кампањата ‘Види ја способноста, а не попреченоста‘ се однесува на ослободување на потенцијалот на секое дете. Новото видео со Нина дава надеж дека општеството станува поотворено за инклузијата. Веруваме дека ова ќе се претвори во забрзана системска реформа, за да се овозможи секое дете да ја добие потребната поддршка и да оди на училиште со своите врсници“, рече Бенџамин Перкс, претставникот на УНИЦЕФ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира