„КРЕДИСИМО“ СО НАГРАДА „САЈТ НА ГОДИНАТА“ И НОВА ПОНУДА ЗА КРЕДИТ ДО 80.000 ДЕНАРИ

    „КРЕДИСИМО“ СО НАГРАДА „САЈТ НА ГОДИНАТА“ И НОВА ПОНУДА ЗА КРЕДИТ ДО 80.000 ДЕНАРИСајтот на „Кредисимо“ беше прогласен за Сајт на годината, на манифестацијата на којашто учествуваа и други реномирани финансиски институции од Македонија

    Водечката компанија за онлајн кредитирање „Кредисимо“, која викендов доби награда за сајт на годината, во пресрет на празниците нуди можност за аплицирање на износ до 80.000 денари, место досегашните 40.000.

    Благодарение на новата понуда, клиентите ќе можат да аплицираат за кредит од 6.000 до 80.000 денари. Враќањето на кредитот ќе биде на месечни рати, според индивидуалните можности на секој клиент.

    „Задоволството на нашите клиенти е главен приоритет на ‘Кредисимо‘. Затоа и ја зголемивме максималната сума за кредит на 80.000 денари. Нашата компанија постојано се труди да си го одржи имиџот на иноватор во онлајн кредитирањето. Наградата “Сајт на годината” е потврда за високото признание што го добивме. ‘Кредисимо‘ ги оправда очекувањата на клиентите и стана лидер само една година од влегувањето на македонскиот пазар”, вели Горги Руков, директорот за меѓународен развој во „Кредисимо“.

    Сајтот на „Кредисимо“ беше прогласен за најдобар на манифестацијата, на којашто учествуваа и други реномирани финансиски институции од Македонија, а доделувањето се одржа во саботата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира