Жена пред малку скокна во Вардар кај Камениот мост во Скопје, по што двајца мажи кои беа во близина веднаш скокнаа по нејзе и ја извадија од водата, по што почнаа да ја тепаат и да ѝ викаат.
Двајцата ја извадија жената на островче среде реката, настанато од градежните работи во коритото, при што дојде уште еден маж за да се расправа со давеничката.
На местото на инцидентот, дојде полиција и Брза помош. Од МВР велат дека кај нив е пријавен случај на жена давеник во Вардар и дека наското ќе излезат со детали.
Тројцата мажи на крај ја извадија жената од реката, а на кејот ги чекаа поголема група мажи, кои помагаа при извлекувањето на жената.