ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦ НЕ МОЖЕ ДА РАКОВОДИ СО ИНСТИТУЦИЈА, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТА

    ДРАГАН СПАСОВ – ДАЦ НЕ МОЖЕ ДА РАКОВОДИ СО ИНСТИТУЦИЈА, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТАМВР и сите други органи ќе го истражат настанот детално и во најкус можен рок, најави владиниот портпарол. - Директорот на МНТ Драган Спасов Дац (Фото: СДК.МК)

    Владиниот портпарол Миле Бошњаковски пред малку кажа дека ставот на Владата во врска со синоќешната сообраќајка, во која што директорот на МНТ Драган Спасов – Дац со возило удри пешак, е дека лице кое сторило ваков тежок прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција.

    „Во однос на сообраќајната несреќа што се случи вчера, МВР и сите други органи ќе го истражат настанот детално и во најкус можен рок, а сите наоди ќе ѝ бидат презентирани на јавноста. Секој мора да поднесе одговорност согласни законите. Лице кое сторило ваков тежок прекршок и довело во опaсност друга личност, за среќа во случајот без сериозни последици по нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција. Ова е ставот на Владата на РМ“, изјави Бошњаковски на прес-конференција, без да го именува директно директорот на МНТ и без да прецизира дали Дац ќе биде разрешен или ќе го чекаат сам да поднесе оставка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира