ФИЛМОТ „КОПАЊЕ“ НА ДИМИТРИЈЕВИЌ И ИВАНОВ ПРЕМИЕРНО ВО ФРОСИНА, ОД 8 МАРТ ИГРА ВО СИНЕПЛЕКС

    ФИЛМОТ „КОПАЊЕ“ НА ДИМИТРИЈЕВИЌ И ИВАНОВ ПРЕМИЕРНО ВО ФРОСИНА, ОД 8 МАРТ ИГРА ВО СИНЕПЛЕКСАлександар Ѓорѓиески и Ивица Димитријевиќ во сцена од „Копање“, независниот долгометражен игран филм според истоимената претстава во МНТ

    Независниот долгометражен филм „Копање“ во режија на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов, вечерва во 20 часот премиерно ќе се прикаже во киното Фросина во Младински културен центар. Филмот, кој е работен според истоимената претстава на германскиот драматург Кристијан Винклер што беше поставена лани во Македонскиот народен театар (МНТ), од 8 март ќе биде на редовен репертоар во киното Синеплекс.

    Филмот е реализиран во сопствена продукција на „МИ Филм“ на Димитријевиќ и на Иванов. Снимен е за 1.800 евра, во текот на шест ноќи во јуни 2017. Главните улоги ги играат истите актери од претставата, Димитријевиќ, Гораст Цветковски и Александар Ѓорѓиески. Адаптацијата на сценариото ја направија Димитријевиќ и Винклер.

    Од продукцијата велат дека приказната е за повторната средба на двајца другари од детството што немаат никаков контакт 16 години. При повторното запознавање се открива нивното заедничко минато, причината за разделбата и причината за повторно обединување.

    Кинематографери се Димо Попов и Генч Халими, музиката е на Горан Трајкоски, сценографијата на Михаил Панев и Анастасија Величкова, шминката на Ангела Стојанова, а монтажер е Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира