СОВЕТОТ ЗА ЕТИКА ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА ВАСЕВА ПРОТИВ САКАМДАКАЖАМ.МК ЗА ТЕКСТОТ ЗА ДЕЛЕЊЕТО ПАРИ ЗА КУЛТУРНИ ПРОЕКТИ

    СОВЕТОТ ЗА ЕТИКА ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА ВАСЕВА ПРОТИВ САКАМДАКАЖАМ.МК ЗА ТЕКСТОТ ЗА ДЕЛЕЊЕТО ПАРИ ЗА КУЛТУРНИ ПРОЕКТИКомисијата за жалби на Советот за етика смета дека жалбата на Васева е неоснована, бидејќи текстот произлегува од јавниот интерес и дека јавните институции претставуваат легитимна новинарска цел. - Одлуката на СЕММ

    Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите ја одби како неоснована жалбата на кураторката и историчарката на уметност Ивана Васева за текстот „Васиќ, Васева, и Кокаланов добија пари за проекти, иако членуваа во комисиите на Министерството за култура“ објавен на 11 февруари годинава дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Васева во жалбата до извршната канцеларија на Советот за етика наведува дека поради овој текст била предмет на јавен линч и дека сериозно ѝ бил нарушен угледот и дека САКАМДАКАЖАМ.МК не се обидел да го истражи случајот за годишната програма на Министерството за култура за 2018 година, дека не ѝ била побарана изјава и дека демантот упатен до редакцијата не е објавен.

    Комисијата за жалби на Советот за етика смета дека жалбата на Васева е неоснована, бидејќи текстот произлегува од јавниот интерес и дека јавните институции претставуваат легитимна новинарска цел.

    „Членовите на Комисијата утврдија дека информациите во текстот се базираат на јавно објавени податоци на сајтот на Министерството за култура. Во тој контекст Комисијата се огласи дека авторот можел, но немал обврска да побара став од засегнатите страни во новинарскиот производ, во случајов од подносителката на жалбата. Кодексот на новинарите налага да им се даде можност на сите засегнати да го кажат својот став, особено кога новинарот изнесува сомневања или обвинувања или кога некој е предмет на напад и критика, што не е случај во оспорениот текст“, се вели во образложението од Комисијата за жалби на Советот за етика, зошто се отфрла жалбата како неоснована.

    Во образложението од Комисијата за жалби на Советот за етика стои дека дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК во случајов нема обврска да објави демант, бидејќи според член 3 од Кодексот на новинарите треба да се обезбеди исправка, демант и одговор во случаи кога ќе се утврди дека информацијата не е точна.

    „Членовите на Комисијата во текстот на САКАМДАКАЖАМ.МК не наидоа на наводи, кои може да иницираат неточност на информацијата, дотолку повеќе што истите информации се пренесени во повеќе други медиуми. Комисијата утврди дека текстот е професионален и дека се испочитувани професионалните и етичките стандарди“, се вели во образложението на Советот за етика за отфрлање на жалбата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира