Во напуштена куќа во струшкото село Велешта полицијата пронајде 10 гранати за ракетен фрлач (РПГ) и ракетен фрлач.
„По добиени оперативни сознанија, полицијата на местото викано „Кабовска маала“ во селото Велешта, Срушко, извршиле претрес во стара куќа сопственост на В.К од Велешта. При претресот, полицијата пронајде ракетен фрлач и 10 гранати. Експлозивните направи биле подигнати и однесени во министерството за внатрешни работи за понатамошно испитување. МВР презема мерки за расчистување на случајот“, изјавија од МВР.