Свештеникот Зоран Вранишковски и група други свештеници од неговата црква Православна охридска архиепископија денеска беа во Апелациониот суд Скопје каде што требаше да се одржи јавна расправа по жалба за неговата пресуда од седум месеци затвор и за условните пресуди на уште двајца свештеници.
Вранишковски и другите свештеници се жалат на пресудите за перење пари од март лани, кога беа судени по вторпат бидејќи така одлучи Врховниот суд, а првичната пресуда во 2013 година беше на повисоки затворски казни за Вранишковски и другите свештени лица, но таа се однесуваше на 18 обвинети.
Пред Апелациониот суд Скопје сега по вторпат се жалат осудените три лица на чело со Вранишковски, како и Јавното обвинителство, незадоволно од 15-те ослободителни пресуди од Основниот суд Скопје 1 во март лани. Јавната расправа денеска се одложи, поради немање услови за нејзино одржување.
С. К. ДЕЛЕВСКА