Министерството за правда повторно е обоено од антивладините демонстранти.
Вечерва тие се движат кон Собранието. На чело на маршот демонстрантите носат кукли облечени во затворски облеки. На главите на куклите се ставени ликовите на политичарите кои се помилувани од претседателот Ѓорге Иванов за можни кривични дела што се водат во Специјалното јавно обвинителство.