СОБРАНИЕТО ЈА ИЗБРА АНГЕЛОВСКА БЕЖОСКА ЗА ГУВЕРНЕРКА НА НАРОДНА БАНКА

    СОБРАНИЕТО ЈА ИЗБРА АНГЕЛОВСКА БЕЖОСКА ЗА ГУВЕРНЕРКА НА НАРОДНА БАНКАСобранието го бира гувернерот на Народна банка на предлог на претседателот. Мандатот трае 7 години. (Фото: СДК.МК)

    Со 81 глас „за“, Собранието денеска ја избра Aнита Ангеловска Бежоска за гувернерка на Народната банка на Република Македонија. Немаше ниту еден глас „против“ или „воздржан“.

    Ангеловска Бежоска е првата жена гувернер на НБРМ, а досега беше вицегувернерка во НБРМ.

    Нејзиниот избор во Собранието доаѓа на ден по истекување на мандатот на претходниот гувернер Димитар Богов. Мандатот на гувернерот на НБРМ е седум години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира