Станбениот објект Ривервју резиденс (Riverview Residence) е најновиот проект на „Бортас“, градежна фирма со 27-годишна традиција, што се гради во населбата Криви Дол.
Објектот се наоѓа на кејот на Вардар, со непречен поглед кон Градски парк и Водно, изолиран од градскиот метеж, а, сепак, блиску до центарот на градот. Благодарение на одличната местоположба, Ривервју резиденс ги нуди сите услови за пријатен живот во динамичното секојдневие.
Граден според сите светски стандарди, она што го прави овој објект посебен се модерниот изглед и функционалниот распоред на становите. Во севкупниот процес на градба се користат висококвалитетни, првокласни материјали и опрема за уредување на внатрешноста на секој стан. Објектот има одлична звучна и термичка изолација, енергетска ефикасност од А-класа, инсталирани видеонадзор и видеофонија, а за возилата се обезбедени надземни и подземни паркинг-места.
„Одлуката за избор на сопствен дом е навистина важна и токму затоа сакаме на нашите купувачи да им понудиме решение што ќе им овозможи висок квалитет на живеење. Ривервју резиденс е внимателно проектиран објект, кој ги нуди сите овие услови“, велат од „Бортас“.