ПРЕСПА Е ПРОСТРАНСТВО ВО КОЕ ЕДЕН ЈАЗИК ОБЕДИНУВА ТРИ НАЦИИ, ВЕЛИ ПРАТЕНИКОТ НА СИРИЗА КОСТАС СЕЛЦАС

    ПРЕСПА Е ПРОСТРАНСТВО ВО КОЕ ЕДЕН ЈАЗИК ОБЕДИНУВА ТРИ НАЦИИ, ВЕЛИ ПРАТЕНИКОТ НА СИРИЗА КОСТАС СЕЛЦАСМакедонските пратеници пред да заминат со брод за Отешево, направија фамилијарна фотографија со грчките колеги од Сириза за спомен на историскиот ден - (Фото:Г.Трпеноски

    Пратениците на владејачкото мнозинство од Македонија договорот за името го прославија заедно со грчките колеги од владејачката Сириза во Псарадес (Нивици) во една локална кафеана. Покрај пратениците, на прославувањето беа и поранешните градоначалници на скопската Општина Чаир Изет Меџити и на Гостивар Невзат Бејта од ДУИ.  На прославата беа и дел од владините функционери. Поради блокадите на патиштата од Лерин кон Преспа, пратениците задоцнија на потпишувањето на договорот.

    Македонските пратеници пред да заминат со брод за Отешево,  направија фамилијарна фотографија со грчките колеги од Сириза за спомен.

    Пратеникот на Сириза од Лерин, Костас Селцас кој единствен се изјаснува како етнички Македонец за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека ова е историски договор кој ќе има благодет и за двете страни и за регионот на Преспа.

    „Го потпишавме тука, на ова Преспанско Езеро, кое ги има трите точки на спојување, Грција, Македонија и Албанија. Ова е голем ден за мене. Ден што го чекавме многу години. Дадовме големи напори од двете страни за да дојде до овој голем ден и за македонскиот народ и за грчкиот народ. Ова езеро е едно пространство кое има три нации, ама има еден јазик. Со јазикот можеме да зборуваме меѓу нас. Мислам дека овој договор ќе помине во грчкиот парламент со големо мнозинство“, рече пратеникот на Сириза од Лерин Селцас.

    Г.ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира