64-годишниот Јане Петков од Бугарија синоќа на трибина на охриѓани им објаснуваше како ќе се обиде на 24 јули да плива во Охридското езеро врзан со ланци и во вреќа.
„Користам техники на трифазно и четирифазно дишење, како и вештини на користење на мислата и концентрацијата при изведување на вакви подвизи во препливување на водени површини, врзан за рацете и нозете со ланци и во вреќа, без користење на никакви помагала“, кажа Петков.
Петков на 24 јули во Охридското езеро ќе се обиде да собори Гинисов рекорд со препливување на повеќе од 3.500 метри врзан со ланци и во вреќа.
Д. ЧУБРИЌ