ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО ГРЧКО МААЛО ВО ТОРОНТО

    ТРОЈЦА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО ГРЧКО МААЛО ВО ТОРОНТОДваесет и деветгодишниот напаѓач бил пронајден мртов откако разменил оган со полицијата (Фото: АП)

    Три лица се убиени, а 14 се ранети во пукањето што се случи во прометна улица во Торонто, вториот најголем град во Канада.

    Дваесет и деветгодишниот напаѓач бил пронајден мртов откако разменил оган со полицијата по нападот, во кој е убиена една жена, а подоцна починал уште еден од ранетите.

    Мотивот за пукањето, што се случи во грчко маало, не е познат, но цел биле најмалку две кафулиња или ресторани. Полицијата не го објави идентитетот на напаѓачот, освен негова возраст.

    Инцидентот е снимен од безбедносните камери на улицата и тие покажуваат маж со капче како застанува на тротоарот, по што вади пиштол од ранецот и почнува да пука. Повеќето од ранетите биле во кафулето „Деметрис“, додека други се погодени на улица. Една жена веднаш починала.

    „Напаѓачот имаше ужасен израз на лицето. Тој пукаше во луѓето кои чекаа да ја поминат улицата. Слушнав 20-30 истрели. Една жена падна и тој ја застрела одблиску два-три пати“, изјави сведокот Ендрју Манциос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира