ОТРУЕНО КУЧЕТО ХЕРОЈ КОЕ ПОМОГНА ДА СЕ СПАСАТ ЗАТРУПАНИ ЛУЃЕ ВО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈА

    ОТРУЕНО КУЧЕТО ХЕРОЈ КОЕ ПОМОГНА ДА СЕ СПАСАТ ЗАТРУПАНИ ЛУЃЕ ВО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИТАЛИЈАВо земјотресот во централна Италија на 24 август 2016 година загинаа 297 луѓе, од кои 237 во Аматриче. - Кучето Каос беше наречено куче херој откако откако пронајде преживеани под урнатините неколку часа по земјотресот (Фото: Фејсбук)

    Сопственикот на кучето Каос, кое помогна при спасувањето на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Италија во 2016 година, кажа дека тоа умрело откако било отруено.

    Објавата на Фејсбук на Фабијано Еторе, сопственикот на отруениот германскиот овчар, досега е споделена над 60.000 пати. Во објавата, тој кажа: „Продолжи со работата таму горе, продолжи да бараш исчезнати и да спасуваш животи“.

    Каос живееше со сопственикот во гратчето Аматриче во италијанската провинција Риети. Аматриче беше најтешко погодено во земјотресот со јачина од 6,3 степени на 24 август 2016 година. Волчјакот беше наречен куче херој откако пронајде преживеани под урнатините неколку часа по земјотресот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира