ЗАЕВ УТРЕ ВО ВАШИНГТОН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПЕНС, ЌЕ РАЗГОВАРААТ ЗА НАТО

    ЗАЕВ УТРЕ ВО ВАШИНГТОН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПЕНС, ЌЕ РАЗГОВАРААТ ЗА НАТОЗаев и Пенс се сретнаа на Самитот на земјите на Јадранската повелба во Црна Гора на 2 август минатата година, кога американскиот потпретседател му пренел на македонскиот премиер дека ставот на претседателот на САД Доналд Трамп е дека САД стои зад Република Македонија и зад регионот во определбите за интеграциите во НАТО. (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев утре ќе патува за Вашингтон на билатерална средба со американскиот потпретседател Мајк Пенс, потврди Владата. Средбата е на покана на американскиот потпретседател.

    Како што соопштија од Владата, Заев и Пенс ќе разговараат за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО.

    Пенс телефонски разговараше со Заев на 6 јули да му честита за, како што го нарекоа од Белата куќа, историскиот договор со Грција.

    Двајцата се сретнаа на Самитот на земјите на Јадранската повелба во Црна Гора во август минатата година, кога Пенс му кажал на Заев дека Македонија може да смета на поддршката од САД и изразил поддршка на политиките на македонската влада, како и на заложбите за членство во НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира