РИДОТ ОД ТРОСКА БЛИЗУ ВЕЛЕС ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ ТРЕБА ДА СЕ ТРАНСПОРТИРА ВО МАЛЕЗИЈА

    РИДОТ ОД ТРОСКА БЛИЗУ ВЕЛЕС ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ ТРЕБА ДА СЕ ТРАНСПОРТИРА ВО МАЛЕЗИЈАРидот од троска е резултат на три децениската работа на Топилницата и е тежок 1,7 милиони тони и е една од 10-те црни еко-точки во Македонија (Фото:СДК.МК)

    За четири години новите сопственици на концесијата за работа со троската близу Велес, планираат ридот кој е закана по здравјето на велешани да го отстранат. Ова го изјавија КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Скопје која е дел од српската КЕПС МОНТ ГРОУП. Ридот од троска е резултат на три децениската работа на Топилницата и е тежок 1,7 милиони тони и е една од 10-те црни еко-точки во Македонија.

    „Се предвидува отстранувањето на троската да трае во период од 40 до 48 месеци. Со европските стандарди на раздвојување на металите од троската е забрането, користење на киселини, точење, туку постојат посебни методи од страна на нашите партнери таму каде што ќе ја пренесеме во Малезија, ги вадат металите ги даваат на железари на топење, а остатокот го прават цемент. Присуството на метали во велешката згура е на границата“, вели инженерот Ранко Шчекиќ.

    Тој кажа дека фирмата каде работи во Белград, е солвентна, има бонитет АА. Неодамна на прес конференција во Белград тамошната комора соопшти дека во Србија има 2,2 илјади такви фирми, кои имаат промет од 2 милиони динари годишно и остваруваат профит од еден отсто. Соговорникот кажа дека чекаат да се завршат административните работи со Владата околу преносот на концесијата. Иако во непосредна близина на ридот со троска е железничка станица Велес, тие се одлучиле троската да се пренесува по автопат.

    Вакви проекти работевме на Косово, Црна Гора и Србија ги извезувавме исто како што ќе го извезуваме и овој од Македонија. Таму работевме со пристаништата во Бар и Драч, а тука веќе договоривме со Солунското пристаниште. Ќе се вработат доста нови работници за периодот додека се врши преносот. Дневно стотина камиони ќе превезуваат троската за што ќе ангажираме локални транспортери – додаде Шчекиќ. Троската треба да заврши на далечниот Исток, во Малезија.

    Со одлука на Влада од 86-та седница, од 4-ти септември годинава, од Еко Центар 97 кој ја доби концесијата за ридот од троска близу Топилницата во Велес, преминува во КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Скопје.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира