Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се појави на распит во Основниот суд Скопје 1. Тој во судот дојде во присуство на неговиот адвокат Никола Додовски.
Груевски заедно со поранешниот министер Миле Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски се осомничени во случајот „ТНТ“што го води Специјалното јавно обвинителство за уривањето на комплексот Космос.
СЈО доставило предлог на екс премиерот Никола Груевски да му биде определена мерка за обебзедување на присуство.