ЗА ИНАЕТ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:120:"НаПедагошкиотфакултетнесеучипредметот"Елементарнакултура"

    1. Меѓу мноштвото пароли што деновиве ги читавме низ скопските улици, меѓу разните слогани кои ги одобрувавме или се згрозувавме од нив и меѓу многуте одговори на прашањето во анкетите меѓу скопските тинејџери, најголем впечаток ми остави ова: “Зошто протестирате?” – “За инает!”
    Тоа едноставно и со силен емотивен набој изречено пред микрофонот на телевизиска камера: “За инает!”, има јасна симболика на она што тинејџерите го чувствуваат како фрустрација на постарите. Тие,сигурно, не го ни имаат прочитано спорниот закон, веројатно, не име познат ни патот за докажување дека нешто е неуставно, слушнале – недослушнале за некакви квоти на националностите. На средношколска возраст сосема е природно да сакаш да избегаш од часови, да се забавуваш и истовремено да го имаш чувството дека правиш револуција. Она што е неприродно е што децата се истопорени пред полицијата, пред критичкиот поглед на јавноста и пред проблемите за кои нивните родители немаат јајца за кршење.
    Се случува во Скопје децата да протестираат за инает на нивните родители. За инает на професорите што немаат авторитет да ги задржат на час. За инает на образовниот систем наследен уште од социјалистичкото време. За инает на министерката за образование како единствен незаменлив кадар на владејачката партија која ја бидува и за развој и за наука и за образование и за спорт. За инает на меѓународната јавност што за да бидеме свои, не натера да го менуваме знамето и се уште ни го оспорува името. За инает на Герт Аренс, Макс Ван дер Штул, Елизабет Рен што ни делат  лекции како да живееме. За инает на некакви фински модели среде Балканот. За инает на студентите Албанци од Педагошкиот факултет кои не мора да одат на настава, а семестарот ќе им биде заведен. За инает на “храбрите” универзитетски професори што потпишуваат петиции, ама се плашат јавно да ги обелоденат своите потписи. За инает на политичките партии кои не се способни на политички начин да и се противстават на власта, туку на улици подметнуваат летоци меѓу младите и монструозни сценарија на “Шиптарите во резервати”. За инает на страшливците од албанските политички партии кои наместо да се трујат самите, си ги труеја своите деца. За инает на сите што ни велеа дека сме оаза на мирот, а деновиве гледаме какво зло излегува и на улиците и во училниците на состаноците на родителските одбори. За инает… Едноставно – за инает!

    2. Веројатно на главниот јунак, претседателката на Сојузот на студентите на Педагошкиот факултет, Мирјана Китановска,добро ќе и дојдеше храброста на средношколците при нејзината вчерашна средба со претседателот на државата  Киро Глигоров. Умислената “железна леди”, која се пали со револуционерни изјави во улога на уставо-бранител вчера тргнала на средба со Глигоров без јајца. Затоа и немала храброст да слушне што ќе и рече Претседателот. Ги предала ултимативните барања и си заминала. На Педагошкиот факултет не се учи предметот “Елементарна култура”, а таа, таква потоа треба да ни ги учи децата.
    И ние после од таква девојка очекуваме да ни ги коментира паролите од типот: “Гасни комори за Шиптарите”, “Хитлер – зљатен!”,  “Шиптар, имаш право да м’чиш, македонски да учиш!”, или, пак, да каже збор-два нејзино мислење за палењето кечиња и фрлањето со јајца по дуќанот на еден Албанец. Организаторка на протести на коишто се случува и ова некој несериозно ја нарекува “железна леди” и”уставобранителка”. Тешко на Македонија со такви студентски водачи. Најдобра  варијанта е ако прифатиме дека девојката,  едноставно, нема капацитет да процени што е фашизам, што расизам, а што барање права. Кој знае дали знае што значи тоа – одговорност? Ама затоа добро знае да го употребува зборот “оградување”. Единствено тоа е способна да го изговори, а да не го прочита.

    3. Грците објавија некое истражување дека во последно време имале проблеми со сексот. Во исто време, во Македонија пристигнаа 102 тони кикиритки помош од Кина. Грците не уценуваат со вето, со европска помош и со блокади, ама што им вреди кога немаат потенција. Со кикиритките ние ќе завршиме работа. Кој знае можеби се сменило времето. Сега и ние ќе можеме да ги “онадуваме” Грците.

    4. Кога се врати од Америка, министерот за надворешни работи Љубомир Фрчкоски изјави дека еден од приоритетите на САД е регионот во чиј центар, нормално, се наоѓа Македонија.
    Државниот секретар на САД, Медлин Олбрајт, тргна на пат околу светот и веќе беше во Брисел,Рим, Москва, Бон… Чудно, како ако ние сме и приоритет, се уште не дошла во Скопје. Нема ни да дојде.
    Госпоѓата Олбрајт се исплашила. Слушнала за кинеската помош. Си рекла: “Бегај подалеку од овие! Опасни се! Имаат многу кикиритки!”

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира