90 ОТСТО ОД ОНИЕ ШТО ГЛАСАА НА РЕФЕРЕНДУМОТ ГО ОДОБРИЈА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА И ЈА ПОТВРДИЈА ОГРОМНАТА ПОСВЕТЕНОСТ ЗА ЕВРОПСКАТА ИДНИНА, МУ ПИША ПЕНС НА ЗАЕВ

    90 ОТСТО ОД ОНИЕ ШТО ГЛАСАА НА РЕФЕРЕНДУМОТ ГО ОДОБРИЈА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА И ЈА ПОТВРДИЈА ОГРОМНАТА ПОСВЕТЕНОСТ ЗА ЕВРОПСКАТА ИДНИНА, МУ ПИША ПЕНС НА ЗАЕВПремиерот Заев и американскиот потпретседател Пенс се сретнаа на 20 септември во Белата Куќа да разговараат за спроведувањето на историскиот договор од Преспа. (Фото: Влада)

    Потпретседателот на САД Мајк Пенс вели дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија Договорот од Преспа и со тоа ја потврдија огромната посветеност европската иднина на Република Македонија во писмото до премиерот Зоран Заев, објави Владата.

    Пенс му се заблагодари на Заев за средбата на 20 септември во Белата Куќа во Вашингтон и вели дека ја цени можноста заеднички да разговараат за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Република Грција.

    „Потпретседателот Пенс ја истакнува неговата благодарност за покажаното лидерство во постигнувањето на договорот и нагласува дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија Договорот од Преспа, и со тоа ја потврдија огромната посветеност европската иднина на Република Македонија. Соединетите Американски Држави ја споделуваат вашата посветеност за поголема сигурност и стабилност на регионот. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја“, го пренесува Владата писмото на Пенс до Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира