ЊУЈОРШКАТА ПОЛИЦИЈА УНИШТИ ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ПРОНАЈДЕНА ВО ДОМОТ НА ЏОРЏ СОРОС

    ЊУЈОРШКАТА ПОЛИЦИЈА УНИШТИ ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ПРОНАЈДЕНА ВО ДОМОТ НА ЏОРЏ СОРОСЏорџ Сорос не бил во својот дом во Бедфорд кога се случил инцидентот (Фото: Ројтерс)

    Њујоршката полиција соопшти дека безбедно уништила писмо бомба, пронајдено во домот на милијардерот Џорџ Сорос.

    Сомнителниот пакет бил пронајден во поштенското сандаче од еден вработен, кој ја известил полицијата, која потоа го однесла во околната шума. Инцидентот што се случил вчера наутро сега го истражува ФБИ. Според извештаите, Сорос во тој момент не бил во својот дом во градот Бедфорд.

    „Вработен во резиденцијата го отворил пакетот, по што видел нешто што изгледало како експлозивна направа. Пакетот потоа беше уништен од техничари од бомбашкиот одред“, објави полицискиот оддел на Бедфорд.

    Осумдесет и осумгодишниот унгарско-американски милијардер е честа мета на десничарски групи поради неговата поддршка на проекти за човекови права и либерални демократски вредности низ светот, на што потроши милијарди долари од своето богатство. Тој исто така е голем донатор на Демократската партија во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира