ЗЛАТЕН АЛЕКСАНДАР ЗА БРИТАНСКИОТ „РЕЈ И ЛИЗ“ ВО СОЛУН, КОПРОДУКЦИСКА НАГРАДА ЗА ВАРДАН ТОЗИЈА

    ЗЛАТЕН АЛЕКСАНДАР ЗА БРИТАНСКИОТ „РЕЈ И ЛИЗ“ ВО СОЛУН, КОПРОДУКЦИСКА НАГРАДА ЗА ВАРДАН ТОЗИЈАПризнание во Солун доби и македонски проект, „М“ на Вардан Тозија, кој ја освои копродуциската награда на копродуцентскиот форум Кросроудс на филмскиот маркет Агора. Ова ќе биде втор филм на Тозија по успешното деби „Џган“, кој е во фаза на продукциско пакување, а ќе се работи како копродукција меѓу македонската „Фокус покус“ и продуцентот Дарко Попов и српската „Арт & попкорн“

    „Реј и Лиз“, британската автобиографска драма на дебитантот Ричард Билингам, победи на 59 издание на Солунски филмски фестивал. Билингам, кој е познат фотограф, со наградата Златен Александар доби и 8.000 евра, за филмот во кој зборува за распадот на неговото дисфункционално семејство во 1980-те.

    „Реј и Лиз“ на дебитантот Ричард Билингам зборува за распадот на неговото дисфункционално семејство во 1980-те

    Сребрен Александар освои „Сѐ е добро“ на Германката Ева Тробиш, а главната актерка Ене Шварц ја подели со Гркинката Мариша Триантафилиду од „Нејзина работа“ наградата за најдобра женска улога.

    Бронзен Александар освои тајландскиот „Манта Реј“ на Путипонг Аронпенг.

    Најдобар актер е Јакоб Седергрен за „Виновникот“ на данскиот дебитант Густав Малер.

    Признание во Солун доби и македонски проект „М“ на Вардан Тозија, кој ја освои копродуциската награда на копродуцентскиот форум Кросроудс на филмскиот маркет Агора. Ова ќе биде втор филм на Тозија по успешното деби „Џган“, кој е во фаза на продукциско пакување, а ќе се работи како копродукција меѓу македонската „Фокус покус“ и продуцентот Дарко Попов и српската „Арт & попкорн“. Оваа награда на проектот му носи бесплатно учество и на сесијата на продуценстакат мрежа на Канскиот филмски фестивал во 2019.

    Тозија, кој го презентираше проектот на Кросроудс, вели дека „М“ е дистописка приказна за две деца кои се потрага по мајка си.

    „Ја даваме оваа награда на филм со прецизна визуелна амбиција предводена од режисер кој се чини го отелотворува она треба да е режисер: раскажувач на приказни но и техничар“, се вели во образложението на жирито.

    М. КОСТОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира