ХАКЕРСКИОТ УПАД ВО „МЕРИОТ“ Е МОЖЕБИ ДЕЛО НА КИНА, ОТКРИ ИЗВОР ОД ИСТРАГАТА

    ХАКЕРСКИОТ УПАД ВО „МЕРИОТ“ Е МОЖЕБИ ДЕЛО НА КИНА, ОТКРИ ИЗВОР ОД ИСТРАГАТАВо хакерскиот напад што траел четири години се украдени личните податоци на 500 милиони корисници (Фото: Ројтерс)

    Хакери кои стојат зад големиот упад во најголемата светска хотелската групација „Мериот“ оставиле траги кои ги поврзуваат со кинеска владина разузнавачка агенција, откри извор од истрагата за агенцијата „Ројтерс“.

    Минатата недела, „Мериот“ објави дека хакерскиот напад што почнал пред четири години ги изложил личните податоци на 500 милиони корисници на услугите на резервацискиот систем на хотелите „Старвуд“.

    Приватни истражители кои работат на случајот велат дека пронашле хакерски алатки, техники и процедури што претходно биле користени од кинески хакери во неколку напади. Според истиот извор, ова може да значи дека тие не работеле од финансиска корист, туку дека шпионирале во интерес на Кина.

    Откривањето на виновниците се усложнува, бидејќи истражителите се сомневаат дека повеќе хакерски групи, можеби, влегле во компјутерската мрежа на „Старвуд“, додава изворот.

    „Ако релевантни страни имаат докази, тие можат да ѝ ги достават на Кина и релевантни органи ќе ги испитаат согласно законот. Но, апсолутно се противиме на беспредметни обвинувања за интернет безбедноста“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира