ГИ ПОЕБАВМЕ ВО СТРУМИЦА, ЗАЕВ ПАЃА, МУ ВЕЛИ ТОДОРОВ НА ЛАТАС ВО БОМБА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2013

    ГИ ПОЕБАВМЕ ВО СТРУМИЦА, ЗАЕВ ПАЃА, МУ ВЕЛИ ТОДОРОВ НА ЛАТАС ВО БОМБА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2013Груевски и Тодоров редовно се слушале со Латас за време на локалните избори во 2013 година. (Фото: СДК.МК)

    На судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“, каде што за незаконско прегласување во Струмица на локалните избори во 2013 година се обвинети половина од членовите на тогашната Државната изборна комисија, Мендух Тачи и Сашо Мијалков, беа пуштени осум нови бомби како реплика од страна на СЈО.

    Во првиот разговор, азилантот во Унгарија Никола Груевски му се јавува на новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ – Латас.

    „Поднесени се жалби за Кичево, само да ни помине гласањето во ДИК за Струмица. Точно во овој момент гласаат и ќе си гласаат воздржано. Ќе има ново гласање и нова шанса“, вели Груевски.

    Утредента на 29 март повторно се слушаат Латас и Груевски.

    „Чу ли?“, прашува Латас.

    „Од ова правиме три дена драма. Договараме со ДПА они да нè поддржат и да го земеме и Заев. Леле леле“, му вели Груевски на Латас.

    „Јебеш Струмица. Ние не преговараме ни со едни со други“, му вели Латас на Груевски, бидејќи тој, според разговорот, загрижен е само за гласањето во Кичево во корист на ДУИ.

    Латас продолжува: „Како бе вака, со кој памет оваа лудост ја направија? Си наплатил он, а физички се нема појавено во партија“, вели Латас без да спомене на кого мисли.

    Во следен разговор, меѓу Латас и Никола Тодоров, шеф на тогашниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, договараат повторно уредувачка политика на „ТВ Сител“ во врска со гласањето во ДИК, за што е и обвинението за „Титаник 2“.

    „Ова драма ќе биде утре. Се одолговлекуваше ваму-таму, а ако ни го одбијат ДУИ и СДСМ ќе биде драма“, вели Тодоров

    „Бранко на концерт во Виена е“, го информира Латас.

    „Да не ги влече парите од Кипар преку Виена?“, прашува Тодоров.

    „Не, не, не, Бранко е на концерт на Џастин Бибер. И он е единствениот со лична карта во публиката“, му одговара Латас.

    Тодоров се смее и вели: „Па дупло постар е од него“.

    Латас: „Он може да го слуша него само ако фатил цура врсничка на Џастин Бибер“.

    Тодоров: „А кој ти кажа тебе за ова?“

    Латас: „Орце“.

    Во следен разговор меѓу двајцата, се договораат како Латас да го информира Тодоров за вестите за приговорите во Струмица.

    „Утре правиме драма тешка. Сега кога ми јавија, Орце беше до мене“, му вели Тодоров

    Латас одговара: „Ние ќе си го кажеме како мегаскандал“.

    На 29 март, Тодоров го информира Латас: „Лаки, пазар ДУИ и СДСМ, ДПА гласаше за нас. Падна Струмица. Ги поебавме во Струмица. Значи Заев паѓа, чао“.

    Истиот ден на полноќ, двајцата зборат пак.

    „Друже Лаки“, му вели Тодоров.

    „Пала Струмица?“, прашува Латас.

    „А бе овие не се нормални“, вели Тодоров и се смее.

    „Па ова е туш“, вели Латас.

    Тодоров тука го објаснува она што е суштина на обвинението, дека по налог на Сашо Мијалков, до обвинетиот Мендух Тачи, обвинетиот Бедредин Ибраими во последен момент кренал рака во ДИК да се прегласа чисто гласање во Струмциа за да не победи Заев во првиот круг за градоначалник.

    „ДУИ и СДСМ против нас, а ДПА за нас. 4 спрема 3. А бе штама настанува. Има уште два приговора, ама и тие ќе бидат 4:3. Во секој случај, иде Заев во втор круг со само 500 гласа плус“, вели Тодоров.

    Латас: „А бе овие само на Ранковце и Дебрца ќе останат“, му вели Латас.

    „А не, Дебрца ќе им ја земеме, Ранковце ќе им го оставивме, ова ќе има јак одраз во Центар“, вели Тодоров.

    „И он ќе решавал име, он Кичево го продаде, па име ќе решава“, вели Латас.

    Тодоров му одговара: „Бранко е во Виена, а не знае кај да оди. Да му пуштам видео да прошета малку да знае каде да ги потроши парите. Хахахах“.

    Латас се смее: „Замисли го у публика, педофил“.

    Потоа Латас вели дека не би сакал да му биде на Заев во кожата и претпоставува дека нема спиено до сабајле.

    „А да му се јавиме, што викаш, хахаха“, се смее Тодоров.

    Судењето продолжува на 23 јануари.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира