Шведските лекари изолирале пациент за кој се сомневаат дека е болен од смртоносниот вирус ебола. Тој бил хоспитализиран во Упсала, северно од главниот град Стокхолм, откако повраќал крв на враќање од Бурунди, каде што отпатувал пред три недели.
„Засега само се сомневаме. Постои можност дека станува збор и за некоја друга болест“, соопштија властите на Упсала.
Пациентот прво бил примен во болницата во гратчето Енкопинг, по што бил превезен во Упсала.
„Пациентот е примен утрово и повраќал крв, што е еден од симптомите на ебола“, изјави портпаролот на болницата, Микаел Колер.
Источно Конго моментално се бори со епидемија на ебола и сите вакви случаи досега се регистрирани во Африка.