ФБИ ОТВОРИЛ ИСТРАГА ЗА ДА ИСПИТА ДАЛИ ТРАМП РАБОТЕЛ ЗА РУСИЈА, ПИШУВА „ЊУЈОРК ТАЈМС“

    ФБИ ОТВОРИЛ ИСТРАГА ЗА ДА ИСПИТА ДАЛИ ТРАМП РАБОТЕЛ ЗА РУСИЈА, ПИШУВА „ЊУЈОРК ТАЈМС“„Њујорк тајмс“ објави дека истрагата на ФБИ е контраразузнавачка и криминална (Фото: АФП)

    Белата куќа ги осуди написите на „Њујорк тајмс“, во кои се вели дека ФБИ отворил истрага за можната тајна соработка на Доналд Трамп со Русија.

    Весникот пишува дека ваквите сомнежи се појавиле во мај 2017 година, кога Трамп го отпуштил директорот на ФБИ, Џејмс Коми. Истрагата наводно треба да утврди дали Трамп претставува опасност по националната безбедност.

    Трамп изјави дека нема никаква причина ни доказ за да се отвори ваква истрага.

    „Тоа е апсурдно. Џејмс Коми беше отпуштен бидејќи беше срам за системот, а неговиот наследник Ендрју Меккејб е познат лажго, отпуштен од ФБИ. За разлика од претседателот Обама, кој дозволи Русија и други земји да ја мавтаат Америка наоколу, претседателот Трамп, всушност, беше остар кон Русија“, кажа портпаролката на Белата куќа, Сара Саундерс.

    „Њујорк тајмс“ објави дека истрагата на ФБИ е контраразузнавачка и криминална и треба да испита дали Трамп свесно работел против интересите на Америка и дали отпуштањето на Коми било попречување на правдата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира