НЕМА ДЕЦА ЗА СРЕДНИТЕ ШКОЛИ ВО СТРУМИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕМА ДЕЦА ЗА СРЕДНИТЕ ШКОЛИ ВО СТРУМИЦА

    Само 380 ученици од планираните 1.240 се запишаа во прва година во Струмица на првиот уписен рок, што е далеку од бројката за пополнување на 37-те паралелки по објавениот конкурс во трите средни училишта.

    Од училиштата тврдат дека од септември паралелките во прва година ќе бидат по 10 до 15 ученици. Во одредени струки од тригодишното образование се пријавиле само по 6 ученици, што е далеку од цензусот од минимум 20 ученици за да функционира една паралелка.

    Немањето деца за прва година ги става во неизвесност раководствата на училиштата со колку паралелки и со кои образовни профили во прва година ќе ја стартуваат новата учебна година.

    „Очекувавме бројката да биде драстично намалена пред сѐ поради воведувањето на деветолетката пред 7 години. Освен ова, намалената бројка се должи и на иселувањето на семејствата од струмичко“, вели Петар Киров, советник за образование при Општина Струмица.

    Според него, имало околу 60 деца кои се пријавиле, а не успеале да се запишат оти немале доволно поени за посакуваните профили, а кои се очекуваат на следните уписни рокови.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира