РАБОТНИК ПАДНА ОД ХОТЕЛ ШТО СЕ ГРАДИ ВО ЛАГАДИН И ПОРАДИ ТЕШКИ ПОВРЕДИ ИТНО Е ПРЕНЕСЕН ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

    РАБОТНИК ПАДНА ОД ХОТЕЛ ШТО СЕ ГРАДИ ВО ЛАГАДИН И ПОРАДИ ТЕШКИ ПОВРЕДИ ИТНО Е ПРЕНЕСЕН ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕПолициски службеници излегле на местото на настанот, известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот, соопштија од СВР Охрид. - Поглед на Охрид (архивска фотографија)

    Работник кој работел на изградбата на хотел во Лагадин кај Охрид вчера паднал од објектот и тешко се повредил. Првин бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“, но поради тежината на повредите итно бил транспортиран во Клинички центар во Скопје.

    „Вчера околу 16.50 часот, во полициската станица во Охрид, од болницата ‘Св. Еразмо’ било пријавено дека кај нив бил донесен П.М. (56) од Охрид. Тој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин во Охрид. Поради сериозноста на повредите, П. М бил пренесен во Клинички центар – Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

    Д. ЧУБРИЌ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира