„МАКЕДОНСКИ“ СТАНУВА „НАЦИОНАЛНИ“, ВЛАДАТА ОБЈАВИ ЛИСТА СО НОВИТЕ ИМИЊА НА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

    „МАКЕДОНСКИ“ СТАНУВА „НАЦИОНАЛНИ“, ВЛАДАТА ОБЈАВИ ЛИСТА СО НОВИТЕ ИМИЊА НА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИПремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас пристигнуваат во Преспа по потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2017 година. (Фото: М. Златевска)

    Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги утврди новите имиња на државните, јавните и институциите финансирани од Буџетот, согласно Договорот од Преспа и уставните измени.

    Институциите кои што имаат „Република Македонија“ во името се задолжени тоа го променат во „Република Северна Македонија“, додека институциите кои имаат „македонски/македонска“ во името треба да го заменат со „национални/национална“.

    На пример, Македонска опера и балет станува Национална опера и балет, Македонска радиотелевизија станува Национална радиотелевизија, Македонска филхармонија – Национална филхармонија, Македонски шуми – Национални шуми, итн.

    Исклучок е Национална установа Македонски народен театар, чие што ново целосно име е  „Република Северна Македонија, Национална установа Македонски народен театар“.

    „Владата на РСМ ги задолжи и им укажа на сите институции, да извршат проверка дали е извршена промена на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуникаЦии, веб-страни, медиуми итн) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, и во рок од 7 дена до Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба, да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен“, соопштија од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира