МОЖНО Е НЕКОЈ ДА СЕ СПАСИ, ДРУГ ДА БИДЕ ОБВИНЕТ, КАЖА ЈАНЕВА ЗА НОВОТО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА СЈО

    МОЖНО Е НЕКОЈ ДА СЕ СПАСИ, ДРУГ ДА БИДЕ ОБВИНЕТ, КАЖА ЈАНЕВА ЗА НОВОТО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА СЈОСпецијалната обвинителка Катица Јанева најави отворање на многу покрупни предмети од овие што ги имаат. (Фото: СДК.МК)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева кажа дека е можно некој да се спаси, но е можно и некој друг да биде обвинет, одговарајќи на новинарско прашање за новото законско решение за Специјалното јавно обвинителство по потпишување меморандум во Владата. Таа рече дека е задоволно од новото законско решение, бидејќи се прошируваат надлежностите на нејзиното обвинителство.

    „Сѐ е можно, може некој да се спаси. Може и некој плус да биде обвинет. Ние сме во суштина задоволни што ни се проширува надлежноста, не сме ограничени само на бомбите. Сега може во одредени предистраги да отвориме многу покрупни предмети од овие што ги имаме“, кажа Јанева,

    Таа потврди дека се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на негова иницијатива, и рече дека го замолила да го поддржи законот за специјалното јавно обвинителство. Негираше дека имало какви било уцени и закани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира