Жителите на Охрид ќе даваат предлози за изгледот на кејот во центарот на градот. На веб страната на Општина Охрид поставена е Студијата за оценка на влијанието врз животната средина со реконструкцијата на кејот за која граѓаните можат да даваат забелешки.
„Во склоп на проектната документација за проектот за реконструкција на Кеј Македонија подготвена е Студијата за влијанието врз животната средина и социјалните аспекти. Заинтересираните граѓани, правни и физички лица можат да ја погледнат електронската верзија на Студијата и забелешките да ги испратат по електронска пошта“, велат од Општина Охрид.
Реконструкцијата на градскиот кеј ја најави минатата година покојниот градоначалник Јован Стојаноски, а неговиот брат на комеморацијата ги замоли советниците кејот да го носи името на Стојаноски.
Д. ЧУБРИЌ