ПОВЕЌЕ ОД 140 ВЕЛЕМАЈСТОРИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ВО СКОПЈЕ

    ПОВЕЌЕ ОД 140 ВЕЛЕМАЈСТОРИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ВО СКОПЈЕНа првенството ќе настапат шахисти од 42 земји

    Скопје од денеска е домаќин на 20. Европско поединечно првенство во шах, 18 години откако во Охрид се одржа второто издание на ова меѓународно натпреварување.

    До 29 март, за титулата европски првак ќе се борат вкупно 357 шахисти од 42 земји, меѓу нив и актуелниот шампион Иван Шариќ од Хрватска. Сепак, како прв фаворит котира Русинот Владислав Артемиев, кој има најдобар рејтинг од 2.736 поени, следен од неговите сонародници Евгени Томашевски и Данил Дубов. На листата учесници има повеќе од 140 велемајстори.

    Македонскиот шах ќе биде претставен со 23-ца натпреварувачи, од кои само двајца имаат велемајсторски статус: Кирил Георгиев, кој е рангиран на 73. место и Александар Чоловиќ (176.).

    Наградниот фонд на првенството изнесува 100.000 евра, при што на новиот првак ќе му припаднат 20.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира