Нурсултан Назарбаев, еден од најдолговечните лидери на светот, поднесе оставка откако речиси три децении беше на власт во Казахстан. Еден од клучните сојузници на Русија ја соопшти својата одлука во обраќањето до нацијата.
„Донесов одлука да го завршам мојот мандат како претседател“, кажа 78-годишниот Назарбаев.
До изборот на новиот претседател, оваа функција ќе ја извршува спикерот на парламентот Касим-Јомарт Токаев од проруската партија Нур отан.
Назарбаев беше единствениот претседател на Казахстан откако земјата се здоби со независност од Советски Сојуз. Тој првпат беше избран на 24 април 1990 година и моментално го одработуваше петтиот мандат.