КАНАДСКИ РЕЖИСЕР СНИМИ ФИЛМ НА ЈАЗИК КОЈ ГО ЗБОРУВААТ САМО 20 ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ

    КАНАДСКИ РЕЖИСЕР СНИМИ ФИЛМ НА ЈАЗИК КОЈ ГО ЗБОРУВААТ САМО 20 ЛУЃЕ ВО СВЕТОТФилмот е снимен на два дијалекти на загрозениот јазик на народот Хаида, претците на Хаида од Британска Колумбија (Фото: „Нијанг Ксалас продакшнс“)

    Канадскиот филм „Работ на ножот“ (SGaawaay K’uuna) е снимен на јазик кој течно го зборуваат само 20 луѓе во светот. Останатата публика на филмот чија британска премиера е закажана за април, ќе може да ја разбере содржината со титлови.

    Филмот е снимен на два дијалекти на загрозениот јазик на народот Хаида, претците на Хаида од Британска Колумбија. Не е поврзан со ниту еден друг јазик, и актерите морале да го изучуваат за да ги разберат нивните реплики.
    Филмот има значајна улога во зачувување на јазикот, вели режисерот Гваи Еденшо.

    „Знам дека ако нашиот јазик е толку изумрен, тоа статистички значи дека ќе го снема. Но ние не можеме тоа да го прифатиме“, вели тој за „Гардијан“.

    Дејството во филмот се случува во 19 век, а се базира на стар мит на народот Хаида, за човек кој преживел несреќа на море, и соочен со смртта, комуницира со натприродни сили (Фото: „Нијанг Ксалас продакшнс“)

    Хаида е заедница на домородното Прво население, чија територија е Хаида Гваи (поранешни Острови на Кралицата Шарлот), архипелаг на острови со шуми, на западниот брег на Канада.

    Еденшо вели дека повеќето од луѓето кои течно го говорат јазикот Хаида се во неговото родно место во Хаида Гваи. Тој го зборува јазикот, но не течно, бидејќи на училиште се школувал на англиски јазик. Тој кажа дека поголем број од населението изработува кануа и куќи од црвени кедари.

    Неколкуте луѓе кои го зборуваат хаида јазикот се загрижени за иднината на јазикот, и биле големи ентузијасти во врска во филмот, вели режисерот. На продукцијата работеле повеќе од 70 лица од локалното население.

    Дејството во филмот се случува во 19 век, а се базира на стар мит на народот Хаида, за човек кој преживел несреќа на море, и соочен со смртта, комуницира со натприродни сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира