КЕЈТИ БОУМАН – 29-ГОДИШНА НАУЧНИЧКА КОЈА ЈА ОВОЗМОЖИ ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА НА ЦРНА ДУПКА ДОСЕГА

    КЕЈТИ БОУМАН – 29-ГОДИШНА НАУЧНИЧКА КОЈА ЈА ОВОЗМОЖИ ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА НА ЦРНА ДУПКА ДОСЕГАКејти Боуман помогна да се направи алгоритам со кој беше обработувана снимката направена од осумте телескопи (Фото: Фејсбук)

    Дваесет и деветгодишна компјутерска научничка ги собра почестите на светската јавноста откако помогнала да се развие алгоритам, што ја создал првата снимка на црна дупка досега, која беше објавена вчера.

    Кејти Боуман го предводела тимот што ја развил компјутерската програма, која овозможила да го видиме она што мислевме дека не може да се види: фотографија на црна дупка оддалечена 500 милиони трилиони километри од Земјата.

    Таа почнала да го прави алгоритамот пред три години, додека била студент на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ). Таму предводела проект во кој учествувале и научници од Лабораторијата за компјутерска наука и вештачка интелигенција на МИТ, Центарот за астрофизика од Харвард-Смитсонијан и од опсерваторијата Хејстек на МИТ.

    Снимката на црна дупка, направена од осумте радиотелескопи на мрежата „Ивент хорајзон“, била обработувана со помош на алгоритамот на Боуман. Неколку часа по објавувањето на фотографијата, Боуман стана интернет сензација и едно од најпопуларните имиња на Твитер.

    Боуман, која сега е асистент професор по компјутерски и математички науки на Институтот за технологија на Калифорнија, инсистира дека целиот тим заслужува еднаков кредит.

    „Никој од нас немаше да може сам да го направи ова. Успеавме благодарение на заедничката работа на многу луѓе од различни области“, изјави Боуман.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира