Познатитот руски народен моторцикл „ковровец-125”, произведен со указ на советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин од 1946, низ Охрид го вози капетанот на Капетанијата на пристаништата на Македонија Горан Устијаноски. Тој целосно го реставрира овој уникатен мотор кој е произведен во советска фабрика некаде во 1951 година.
„Ковровец-125” е произведен во 1951 година во тогашниот СССР, во фабриката за оружје „ЗиД“. Производството почнува во 1946 година со указ на Сталин за производство на мотори во повоениот период. Тоа требало да биде мотор со мала потрошувачка, со крајно едноставна контрукција заради одржување и да се произведе во голем број примероци, со ниска цена за да им биде подостапен на обичните луѓе. Моторот е двотактен, има зафатнина 125 кубици и е со брзини. Максималната му е 70 километри на час.
„Јас го купив од сопственик од Скопје”, вели капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа Горан Устијаноски, кој патем ги вози бродовите што пловат во Охридското Езеро.
Охридскиот капетан има посебна љубов кон моторциклите олдтајмери.
„Старите мотороцикли се моја пасија. Веќе реставрирав еден стар мотор од типот ‘дњепар’, по потекло од некогашниот СССР. Сега случајно го најдов овој кој го викаат ‘ковровец- 125’. Произведен е во 1950-те. Користи мешавина како гориво, но е уникатен по својот дизајн и технички решенија. Речиси никаде повеќе не може да се најде, а јас успеав случајно да го добијам. Го донесов во Охрид и решив да го обновам. Требаше многу време, знаење, но и ориганинални делови кои ги нема. Од Русија некако успеав да купам и резервен мотор за него”, раскажува Устијаноски.
При реставрацијата на стари моторцикли, посебно што се произведени во држава која веќе не постоти, посебен проблем се оригиналните делови.
„Јас го разбирам системот на работа, воопшто на моторите, бидејќи возам бродови кои имаат силни агрегати. Но овој е специфичен. Во реставрацијата ми помогнаа некои мои пријатели и вљубеници во моторциклите. Успеавме некои делови за ‘ковровец -125’ да направиме самите, но главно сè е оригинално на него како во времето кога е произведен. Ваков моторцикл скоро никој не вози ниту во денешна Русија”, кажува со страст Устијаноски.
Олдтајмерот „коровец-125“ не е во возна состојба, бидејќи Устијаноски чека дозвола од СВР Охрид за да може да излезе на улица. Бидејќи станува збор за уникатен мотор, постапката за издавање сообраќајна дозвола е подолга, велат од Охридската полиција.
Според него, во земјава има луѓе кои имаат дури и мал бизнис што се состои во купување на стари моторцикли и тоа не заради реставрација и за своја душа, туку за да ги растураат на делови и така деловите да ги продаваат онлајн во западноевропските земји поради повисока цена.
„На тој начин се извезени од земјава многу вредни примероци”, вели Устијаноски.
Д. ЧУБРИЌ