Бројот на жртви во осумте експлозии во цркви и хотели во Шри Ланка се искачи на 207. Нападите се случија за време на религиозните литургии за Велигден, a покрај трите цркви нападнати се хотелите со пет ѕвездички „Шангри-Ла“, „Кингсбери“ и „Синамон гранд“ во срцето на главниот град Коломбо.
Се очекува дека бројот на жртви уште ќе расте. Меѓу 8-те загинати странци, засега е потврдено дека има државјани на Кина и Португалија.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.
Властите на Шри Ланка велат дека жителите од сите вери заедно работат на спасување. Воведен е и полициски час, но и покрај тоа се уште има летови од аеродромот во Коломбо.
- ОСУМ ЕКСПЛОЗИИ ВО ШРИ ЛАНКА, НАД 150 ЗАГИНАТИ И 560 ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАДИТЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЛИТУРГИИ