СОЦИЈАЛИСТИТЕ ВОДАТ НА ИЗБОРИТЕ ВО ШПАНИЈА, КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ПРВПАТ ВЛЕГУВА ВО ПАРЛАМЕНТ

    СОЦИЈАЛИСТИТЕ ВОДАТ НА ИЗБОРИТЕ ВО ШПАНИЈА, КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ПРВПАТ ВЛЕГУВА ВО ПАРЛАМЕНТИако победија, се предвидува дека Социјалистите тешко ќе формираат влада (Фото: ЕПА)

    Социјалистичката партија на премиерот Педро Санчес победи на третите парламентарни избори во Шпанија во последните четири години, покажуваат излезните анкети, но ќе има проблеми да состави влада.

    Владејачката партија освоила 28,1% гласови, објави државната телевизија РТВЕ, додека опозициската Народна партија со 17,8% се соочува со својот најлош резултат досега.

    Крајната десница за првпат влегува во парламент, откако за партијата Вокс гласаа 12,1% избирачи.

    Дури пет национални партии се борат за удел во власта, при што на левичарската Подемос ѝ се предвидува дека ќе освои 16,1%, а на Граѓани, која му припаѓа на десниот центар, 14,4% гласови. Во сегашните услови, и доколку Социјалистите коалицираат со Подемос, повторно нема да го имаат потребното мнозинство од 176 пратеници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира