Повеќе од 69.000 единици вода се обезбедени за 15. издание на Виз ер Скопски маратон, што ќе се трча утре. Таа ќе се дели на десет водни станици, што ќе бидат поставени долж патеката.
И оваа година, како и претходните, маратонците ќе пијат „Пелистерка“.
„Работењето за Скопски маратон е повеќе задоволство отколку вистински ангажман. Годинава е отежната логистиката поради доаѓањето на папата и изборите. Но, и покрај тоа, тимот на ‘Пелистерка‘ задолжен за дистрибуција ќе вложи максимални напори в сабота наутро маратонската рута да биде во знакот на нашата вода“, изјави Весна Прентоска, директорка на дистрибуцијата на „Пелистерка“, која и оваа година го обезбедува официјалното освежување за учесниците.
Најавено е дека на годинашните четири трки ќе настапат над 12.500 тркачи, што е рекордна бројка во историјата на маратонот.
„Вистински предизвик е да се организира ваков настан и од аспект на логистика но и од аспект на финансии. Апелирам македонските компании да се одважат и веќе следната година, Скопски Маратон да се најде во нивниот календар на настан вреден за спонзорирање. Скопје заслужува да се најде на светска мапа, кога станува збор за маратонско трчање, вели Тања Панделеска.