ПРОМОЦИЈА НА ЧЕТИРИ РОМАНИ ОД АКАДЕМИК СТАРОВА ОБЈАВЕНИ НА ХРВАТСКИ ЈАЗИК

    ПРОМОЦИЈА НА ЧЕТИРИ РОМАНИ ОД АКАДЕМИК СТАРОВА ОБЈАВЕНИ НА ХРВАТСКИ ЈАЗИКХоландскиот амбасадор во Македонија, Ваутер Пломп и академик Луан Старова на одбележувањето на 70 години Национална галерија на Македонија (Фото: НГСМ )

    Четири романи објавени на хрватски јазик од академик Луан Старова ќе бидат промовирани денес во 12 часот во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

    Станува збор за култниот роман на акадeмик Старова „Времето на козите“, кој пред две децении беше објавен во Загреб, во репрезентативната едиција „Хит-романи“, во превод на Мате Марас. Романот објавен со предговор на Едгар Морен, наиде на одличен прием кај хрватската книжевна критика.

    Издавачот „Тим-прес’’, надоврзувајќи се на големиот интерес ги објави во заедничка книга и „Времето на козите“ и „Враќањето на козите“, во превод на Борислав Павловски. Потоа издавачот ја објави книгата „Ервехе- книга за една Мајка“ (во превод на Жељка и Споменка Демниевска), како и „Љубовта на генералот“.

    Академик Старова е автор на над 200 библиографски единици на разни стручни и научни трудови во земјата и во странство, како и на преводи на дела од Жан-Пол Сартр, Ѓерѓ Лукач, Исмаил Кадаре и други. Автор е на книгата „Француски книжевни идеи на 20.век“, како и на „Балканска сага“, составена од 17 романи.

    На денешната промоција за четирите романи и балканската книжевна сага на Старова ќе говорат професорите Елизабета Шелева и Ферид Мухиќ. Ќе говорат и хрватската амбасадорка во Македонија, Даниела Баришиќ и директорот на „Тим-прес“ Хашим Бактијари. Во музичкиот дел ќе настапи дуото „Скупи“, во состав: Јета Старова-Мехмети (флејта) и Ермаљ Мехмети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира