Над 70 луѓе загинале во Ница, кога голем камион удри во толпа луѓе во Ница кои го прославуваа на Денот на Бастилја, националниот празник на Франција, а биле повредени над 100 луѓе, изјавуваат официјални претставници на локалните власти.
Ситуацијата е се уште конфузна. Медиумите јавуваат за бројки на загинати кои се движат од 30, па до 76, но сите известуваат за „многу загинати“.
Медиумите веќе јавуваат за терористички напад. Агенцијата Асошиетед прес (АП) објави дека камионот бил полн со оружје и гранати.
Полицијата отворила оган врз камионот.