Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Грција денеска разменија ноти, со кои, согласно Договорот од Преспа, се подига нивото на Канцелариите за врски во Скопје и Атина на ниво на амбасади, соопшти Министерството за надворешни работи.
Дополнително, Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Солун се подига на ниво на Генерален конзулат, а истовремено Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат.
Подигнувањето на нивото на дипломатско-конзуларните претставништва се прави согласно членот 10 од Договорот од Преспа.