РЕЧИСИ 200 МРТВИ ВО НОЌЕШНИТЕ УЛИЧНИ СУДИРИ ВО ТУРЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Истанбул,(разниизвори)

    РЕЧИСИ 200 МРТВИ ВО НОЌЕШНИТЕ УЛИЧНИ СУДИРИ ВО ТУРЦИЈА

    Расте бројот на загинати по синоќешниот обид за воен удар во Турција. Повеќе од 100 пучисти, и уште 90 нивни противници, меѓу кои и 47 цивили  се убиени, соопшти генералот Умит Дундар. На 1.200 луѓе се повредени во уличните судири што се случуваа на главните улици и плоштади во Анкара и Истанбул во текот на ноќта, јави Вашингтон пост.

    Утрово владините сили го освоија и штабот на армијата во Анкара, што беше најслилното упориште на пучистите, изјави висок турски функционер кој додаде дека 1.563 припадници на војската се уапсени.

    Во Истанбул животот полека се враќа но нормала, иако улиците се речиси празни, невообичаено за оваа метропола во саботен ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира