ДОМАШНИ СТРАНЦИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:202:"Заинаетнацелсветивознакнасолидарностсодругитенапатенинароди,ЈАТќевоведелиниизаХаванаиБагдад

    1. Којзнае како се извадил од памет рускиот министер за надворешни работи Андреј Козирев кога, таман пред да се качи на авионот за да летне за Скопје, брцнал по џебовите и видел дека му ја нема нотата за признавање на Македонија. Се возбудила цела булукмента негови соработници, па дури и домаќините глумеле дека буричкаат по џебовите, небаре ја бараат несреќната нота, ама – џабе. А човекот сé си мислел дека го зел хартивчето уште во Москва. Белки не е толку замаен за да го загуби по пат. Па мораше да измислува рачки зошто ја прекинува миротворната турнеја.
    Арно ама, во меѓувреме, благодарение на штотуку потпишаната спогодба со полицијата на Турција, министерот Фрчковски размени корисни информации од областа на безбедноста и дојде до сознание дека нотата на гостинот од Русија му ја украл од џеб Милошевиќ, додека срдечно и пријателски се поздравувале. Што е тоа за таков  мангуп кој можеше да направи две војни и после пак да се претставува како миротворец. Ем не го пушти во Скопје. Ем му смисли невреме над Сараево. Ем го задржа уште една ноќ на спиење во Белград. На пријателско убедување. Ем му направи традиционално пријателска услуга на Мицотакис.

    2. За возврат, од Грците ќе бара барем тие да не ги затвораат нивните аеродро­ми за авионите на ЈАТ. Ако можат уште да се заземат за него и во Европската заедница, да притискаат да не донесат заедничка одлука за блокада на ЈАТ-овите линии, ќе му дојде уште подобро. Затоа пред Мицотакис ќе истапи со допол­нителен аргумент. Единствената меѓународна линија на која ќе лета српската авиокомпа­нија ќе биде Белград – Скопје. А тоа не би им се допаднало којзнае колку на Грците.
    Во секој случај, и да се донесе заедничка одлука да им се забрани слетување на авионите од Србија на аеродромите на земјите на Европската заедница, Мицотакис ќе најде оправдување. Како, кога неодамна мораше да го повлече амбасадорот од Белград, па даваше изјави дека на тој начин ѝ помага на Србија. Ќе биде голема штета за авторот на рекламните слогани кои ги користат српските агенции нудејќи ги своите летни аранжмани. “Летујмо тамо, где смо добродошли!” Ќе мора ЈАТ да отвора нова линија за Хавана. Или, за инает на србофобичните Американци и Европејци, ќе го изврши летот за Багдад.

    3. Единствената ЈАТ-ова меѓународна линија Скопје – Белград ќе ја користат екипите на македонските театри кои оваа година ќе настапуваат на Стерииното позорје во Нови Сад. Ама, како домашни патници, зашто српскиот печат нас­тапите на Драмскиот театар од Скопје и Народниот театар од Битола ги најавува како претстави од домашна конкуренција. Заедно со претставите на уште три театри од Белград и по еден од Крушевац, Бар и Суботица. Интернационал­ците доаѓаат од Братислава и Париз.
    Бидејќи уметноста не треба да се меша со политиката, нашите театри ќе го дигаат борбениот морал среде Нови Сад. Додека салата ќе ечи од аплаузи, Босна и Херцеговина ќе ечи од бомби и гранати. Љубителите на уметноста што се просла­вија со уривање на Вуковар, Сараево и Мостар и што покажаа толку уметни­чки енту­зијазам што не им пречеа ни изјави од типот: “Ќе го изградиме Дубровник повторно, ако треба уште поубав и уште постар!”, ќе си ја одржат традицијата на југо­словенските театарски игри, на кои во некои други времиња беше прашање на престиж и да се учествува, а камоли да се победи.
    Глупавите Хрвати и Словенци не патуваат за Нови Сад. Што знаат тие што е тоа интернационален театарски фестивал. Остави што немаат поим ни што е политика, а што уметност. Само ние сме паметни.
    Само не и доволно расипани. Кога можеа, за да го лажат светот, проширената Србија да си ја прекрстат во СР Југославија, зошто да не можат и еден српски фести­­вал да го прекрстат во интернационален?

    4. На времето имаше уште еден многу ценет театарски фестивал. Се викаше Мали експериментални сцени – Сараево. Размислуваат ли понекогаш љубителите на уметноста, што воопшто не ги интересира политиката, на темата: “Кој го уби МЕСС”?

    5. Во тоа исто Сараево, познато по оној здрав босански хумор од вицовите за Мујо и Хасо, сите шеги последните месеци се правеа на сметка на војната што мирисаше.
    Затоа, страв ме фаќа кога ги слушам деновиве разговорите низ Скопје, во кои низ шега се зборува за хуманитарните пакети што ќе ни ги испраќаат САД, за логорите за бегалци што се подготвуваат, за тоа кој какво оружје може да набави, дали го подготвил подрумот или не…
    На смеа, на шега, од Сараево како без глава избегаа и европските посматра­чи и унпрофорци од Обединетите нации, заедно сосе командантот.

    6. Што би рекол некојси претседател на некојаси Зулу партија во Јужна Африка: “Не сме Југословени, па да не можеме да се договориме!” Ако може тоа да биде некоја надеж, ние сме – бивши Југословени.
    Што значеше тоа – договор?

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира