КАРТИЧКИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА РАБОТАТ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПО ПРЕКИНОТ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМ

    КАРТИЧКИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА РАБОТАТ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПО ПРЕКИНОТ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМСо картичките може да се вршат трансакции во трговија и на дел од банкоматите на банката, а останатите сервиси ќе се подигнат постапно во текот на денот. (Фото: Фејсбук страна на Комерцијална банка)

    Картичките на Комерцијална банка од утрово повторно фунционираат, откако од вчера попладне услугите на банката не беа достапни поради технички проблем. Од Комерцијална банка утрово соопштија дека со картичките можат да се вршат трансакции.

    „Трансакции може да вршите во трговија и на дел од банкоматите на банката. Активностите поврзани со функционирањето на останатите сервиси се во тек, за што дополнително ќе известиме“, велат од Комерцијална банка.

    Од Банката дополнуваат дека сите податоци и сметки на клиентите се безбедни.

    Вебсајтот на банката уште не работи оти во тек е постапно подигање на системот, а се очекува услугите на интернет-банкарството да се активираат во текот на денот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира