СЕ РАСПАЃА ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ВО ИТАЛИЈА, ПРЕМИЕРОТ КОНТЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    СЕ РАСПАЃА ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА ВО ИТАЛИЈА, ПРЕМИЕРОТ КОНТЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАКонте го обвини Матео Салвини дека само ги гледа личните и партиските интереси (Фото: Гети)

    Италијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека поднесува оставка откако жестоко го нападна својот коалициски партнер Матео Салвини.

    Во говорот во парламентот, Конте го обвини Салвини дека неодговорно креира политичка криза во Италија заради лични и партиски интереси.

    „Салвини само ги гледа своите лични интереси и оние на партијата. Свикување избори секоја година е неодговорно и ќе има сериозни последици. Ја користам оваа прилика да соопштам дека на претседателот на Републиката ќе му ја доставам мојата оставка на премиерската функција“, кажа Конте, кој со овој потег го избегна гласањето за негова доверба.

    Лига, крајнодесничарската партија предводена од Салвини, и Движењето пет ѕвезди формираа владејачка коалиција пред само 14 месеци, при што Конте беше избран како независен премиер. Салвини, кој е вицепремиер и министер за внатрешни работи, истакна дека веќе не може да соработува со Пет ѕвезди и се шпекулира дека тој ќе ја искористи својата зголемена популарност за да се избори за нови избори.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира