СООБРАЌАЈКА НА МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ИСМАИЛИ СО СЛУЖБЕНИОТ ПАСАТ

    СООБРАЌАЈКА НА МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ИСМАИЛИ СО СЛУЖБЕНИОТ ПАСАТСлужбеното возилото на министерот Исмаили се судрило со камион со гостиварски регистерски таблици. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за култура Хусни Исмаили попладнево имаше сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар. Владини извори за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека министерот Исмаили со службеното возило „пасат” имал сообраќајка, но не е повреден ниту тој, ниту останатите учесници во несреќата. Предизвикана е само материјална штета.

    Несреќата се случила по завршување на работниот ден на министерот. Возилото на министерот се судрило со камион со гостиварски регистерски таблици. По несреќата регистерската таблица на возилото беше покриена со хартија.

    Од Министертсвото за внатрешни работи велат дека пред првата наплатна рампа на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа, нема повредени, екипите се на увид и подоцна ќе соопштат детали.

    На 29 мај, сообраќајна несреќа во Скопје имаше и заменик-министерот за култура Владимир Лазевски кога со неговото службено возило се удри со мотор.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира