НАЈМАЛКУ ПЕТ УБИЕНИ ВО НОВОТО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО ТЕКСАС

    НАЈМАЛКУ ПЕТ УБИЕНИ ВО НОВОТО МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО ТЕКСАСНапаѓачот тргнал во убиствен поход откако бил запрен од полицијата на автопат (Фото: АП)

    Најмалку пет луѓе се убиени во второто масовно пукање во Тексас во август.

    Маж во 30-ти години прво застрелал полицаец кој го запрел неговото возило на автопатот Мидленд-Одеса, по што, откако украл поштенски камион, продолжил да пука на неколку други локации. Напаѓачот бил убиен од полицијата пред еден кинокомплекс. Засега не се познати негови мотиви.

    Околу 20 луѓе се повредени во инцидентот, вклучувајќи и тројца полицајци. Седум од повредените се во сериозна состојба.

    „Тој пукаше во недолжни цивили по цела Одеса. Има најмалку 21 повреден“, изјави шефот на локалната полиција, Мајкл Герк.

    Ова пукање уследи само четири недели откако вооружен напаѓач уби 22 луѓе во трговски центар на „Волмарт“ во Ел Пасо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира